Сидад Веља
Сидад Веља (португалски за „стар град “, исто така: Сантијаго де Кабо Верде) — град во јужниот дел на островот Сантијаго, Зелен ’Рт. Основан во 1462 година од португалски трговци,[1]:77 Сидад Веља е најстарата населба во Зелен ’Рт и нејзин поранешен главен град. Некогаш португалските колонисти ја нарекувале Рибеира Гранде, тие го смениле неговото име во Сидад Веља кон крајот на 18 век, откако го преселиле главниот град во Праја. [2] Градот е седиште на општината Рибеира Гранде де Сантијаго.
Сидад Веља | |
---|---|
Сидад Веља - Плоштад Пелурињо | |
Држава | Зелен 'Рт |
Остров | Сантијаго |
Светско наследство на УНЕСКО | |
Службен назив | Сидад Веља, Историско средиште на Рибеира Гранде |
Критериум | културно: (ii)(iii)(vi) |
Навод | 1310 |
Запис | 2009 (XXXIII заседание) |
Површина | 209,1 ха |
Преоден појас | 1.795,6 ха |
Сместен на остров во близина на северозападниот брег на Африка, овој град бил првата европска колонијална населба во тропските предели. Некои делови од прецизно планираниот изворен проект на местото сè уште се недопрени, вклучувајќи ја кралскате тврдина, две цркви и градскиот плоштад од 16 век. Денес, Сидад Веља е пристаниште на Атлантикот и средиште на креолската култура. Градот станал дел од светското наследство на УНЕСКО и е назначен во 2009 година како едно од Седумте чуда од португалско потекло во светот.[2]
Географија
уредиСидад Веља се наоѓа на јужниот брег на Сантијаго, на устието на реката Рибеира Гранде де Сантијаго, 10 километри западно од главниот град Праја. Градски четврти се Ларго Пелурињо, Сао Себастиао, Санто Антонио и Сао Педро.
Историја
уредиОстровот Сантијаго го открил Антонио да Ноли, џеновјанец во португалска служба, во 1460 година. :73 Во 1462 година во Рибеира Гранде се населил Да Ноли со членовите на неговото семејство и португалските колонисти од Алгарв и Алентехо.[1]:77 Местото имало добри услови, бидејќи имало изобилство вода од Рибеира Гранде. Ова му дало предност во однос на другата населба на Сантијаго, Алкатразес.[1]:80
Населбата станала клучно пристаниште за португалска колонизација и на Африка и на Јужна Америка. Во 16 и 17 век, тој бил средиште на поморската трговија помеѓу Африка, ’Ртот на Добрата Надеж, Бразил и Карибите. Поради неговата близина до африканскиот брег, бил суштинска платформа за трговија со робови од Африка.[2]
Во пристаништето Сидад Веља застанале двајца големи морепловци: Васко де Гама, во 1497 година, на пат кон Индија, и Кристофер Колумбо, во 1498 година, при неговото трето патување кон Америка. Во 1522 година, тоа беше место за застанување на експедицијата на истражувачот Фердинанд Магелан, пловејќи за Шпанија и на последната етапа од обиколувањето на светот на преживеаните.
Сидад Веља ја има најстарата колонијална црква во светот: црквата Носа Сењора ду Розарио, која била изградена во 1495 година. Во 1533 година, Сидад Веља станал седиште на новата Римокатоличка епархија Сантијаго де Кабо Верде, создадена со папска була на папата Климент VII. Денес седиштето е во Праја, во согласност со статусот на главен град.
Богатството на Рибеира Гранде и судирите меѓу Португалија и соперничките колонијални сили Франција и Британија привлекле пиратски напади, вклучувајќи ги и оние на Френсис Дрејк (1585) и Жак Касар (1712). :195 И покрај изградбата на Форте Реал де Сао Филипе во 1587–93 година, Рибеира Гранде останала ранлива и паднала во опаѓање. Во 1770 година главниот град на Зелен ’Рт бил преместен во Праја.
Рибеира Гранде (денес Сидад Веља) била сведена на село и неговите граѓански, верски и воени градби почнале да се распаѓаат откако толку многу установи заминале. Од 1960-тите, започнале реставраторските работи. :70 Во 2009 година, бил прогласен за светско наследство на УНЕСКО.[2]>
Демографија
уредиНаселение на градот Сидад Веља (1990–2010) | |
---|---|
1990 | 2010 |
2148 |
1214 |
Галерија
уреди-
Плоштадот во Пелурињо
-
Сидад Веља - Куќа покрај океанот
-
Урнатините на тврдината Сао Филипе.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Valor simbólico do centro histórico da Praia, Lourenço Conceição Gomes, Universidade Portucalense, 2008
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „Cidade Velha, Historic Centre of Ribeira Grande - UNESCO World Heritage Centre“. Посетено на 8 јули 2011.