Сиван
Сиван (хебрејски: סִיוָן'; од акадски simānu, „сезона, „доба“) — деветтиот месец од граѓанскиот и третиот месец од верскиот еврејски календар. Ова е пролетен месец со 30 дена. Обично паѓа во мај-јуни од грегоријанскиот календар.
← ијар сиван (סִיוָן) тамуз → | ||||
---|---|---|---|---|
Шавуот (Педесетница) — денот на кој Тората му била дадена на еврејскиот народ на Синајската Гора. Се принесува бикурин (први плодови) како на сликата. | ||||
Реден број: | 3 | |||
Денови: | 30 | |||
Годишно време: | пролет | |||
Грегоријански: | мај–јуни |
Празници во сиван
уреди6 сиван: Шавуот (Педесетница)
Надворешни врски
уреди- Овој месец во еврејската историја (англиски)