Ијар (хебрејски: אִייָר или אִיָּר, од акадски: ayyaru, „розета, цвет“) — осмиот месец од граѓанскиот и вториот месец од верскиот еврејски календар. Името му е од вавилонско потекло. Ова е пролетен месец и има 29 дена. Обично паѓа во априлмај од грегоријанскиот календар.

нисан       ијар (אִייָר)       сиван
Декларација за независноста
Декларација за независноста

Декларација за независноста на Израел
која се памети на денот Јом аацмаут
ја објавил првиот премиер на државата —
Давид Бен-Гурион на 5 ијар 5708 г.
Реден број: 2
Денови: 29
Годишно време: пролет
Грегоријански: април–мај

Во еврејската Библија, пред Вавилонското ропство, овој месец се нарекувал зив (Царства 6:1 и Царства 6:37[1]). Ова е хебрејско име и значи „светлина“ или „блесок“.

Празници во ијар

уреди

На други јазици

уреди
  • На арапски, „ајар“ или „ејар“ (ﺃ ﯦﺎ ﺮ) се нарекува месецот мај.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди