Сергеј Игнашевич
Сергеј Николаевич Игнашевич (руски: Сергей Николаевич Игнашевич, роден на 14 јули 1979 во Москва) — руски фудбалер, кој во моментот настапува за екипата на ЦСКА Москва и е член на Фудбалската репрезентација на Русија од 2002 година.
Сергеј Игнашевич | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Сергеј Николаевич Игнашевич | ||
Роден на | 14 јули 1979 | ||
Роден во | Москва , СССР | ||
Висина | 1.86 м | ||
Позиција | одбрана | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | ЦСКА Москва | ||
Број | 4 | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1999 | Спартак Орехово | 17 | (0) |
1999–2000 | Крилја Советов | 31 | (2) |
2001–2003 | Локомитив Москва | 75 | (4) |
2004– | ЦСКА Москва | 380 | (35) |
Репрезентација ‡ | |||
2002– | Русија | 127 | (8) |
* Ажурирано на: 22 јули 2012 ** Ажурирано на: 22 јули 2012 |
Сергеј Игнашевич својата кариера ја започнал во тимот на Торпедо, а како професионалец станал во 1998 година, кога потпишал за Спартак Орехово. Во 1999 година заминал во Крилја Советов за да следната 2000 година потпише за Локомитив Москва. Со "Локо" ја освоил титулата на Русија во 2002 година. Одиграл 77 натпревари и постигнал 4 гола. Од 2004 настапува за екипата на ЦСКА од Москва. На 12 март 2004 дебитирал против ФК Москва. Игнашевич постојано е стартер, најчесто партнер со Василиј Березутски во центарот на одбраната. Помеѓу 2005 и 2007 бил капитен на својот тим.
За Фудбалската репрезентација на Русија дебитирал во 2002 година.