Сентиментална историја на Британското царство
Сентиментална историја на Британското царство (српски: Sentimentalna povest Britanskog carstva) - книга на српскиот писател Борислав Пекиќ, објавена посмртно во 1992 година. Таа настанала врз основа на серијата предавања што ги одржал Пекиќ на радиото BBC (26 десетминутни емисии) од пролетта 1988 до пролетта 1991 година. Книгата настанала врз основа на проучување на обемната документација од историскиот департман на Радио Лондон, а според авторот, таа треба да се гледа како продолжение на неговите три книги „Писма од туѓина“ (Pisma is tuđine).[1]
Содржина
уредиКнигата се состои од 24 глави:[2]
- Жирафите, Косово, историјата на Англија и како да се раскаже
- Првите наезди на проклетите странци и обликувањето на Британија
- Рим и петте залудни векови на Британија
- Англосаксонското или вонматеричното зачнување на Британија
- Норманите или како се калеа и колеа денешните Англичани
- Гранка на метлата или првата европска Англија
- Големата повелба на слободата во земјата без устав
- Војните на розите а за народот трње
- Хенри VII или државата како трговско друштво
- Хенри VIII или реформација во креветот
- Раѓањето на Империјата под цврстото здолниште на една кралица
- Кавалерите и тркалоглавците во граѓанска војна на англиски начин
- Братоубиственото колење и плиткото орање или Оливер Кромвел
- Република со круна на главата
- За славната портокалова револуција и англиската протестантска традиција
- Четири Џорџа и четири англиски драми
- Поразот како најголема победа во англиската историја
- Бакни ме Харди или Англичаните и Наполеон
- Златното време на кралицата и царицата Victoriae
- Империјата во која Сонцето на заоѓа
- 650.388.810 - (8.528.831 + 21.819.154 + 7.750.919) = 37.468.904
- Англија и пропаста на Западот
- Don't you know, you bitch, there's a war going on?
- Слабите и дебелите крави на англиската историја