Вера Лусија Фишер (португалски: Vera Lúcia Fischer) e позната бразилска глумица која има настапувано во многубројни филмови и теленовели.

Вера Фишер
Фишер, 2006
ЗанимањеГлумица

Животопис

уреди

Вера Фишер е родена во државата Санта Катарина на југот на Бразил во 1951, поточно во градот Блуменау полн со германски емигранти. Според нејзината биографија, нејзиниот татко бил нацист[1]. На 18 години е одбрана за мис на Бразил и учествувала на конкурсот на мис Универзум во САД. По враќањето во земјата решила да живее во Рио де Жанеиро каде ја започнува кариерата на фотомодел и кино глумица.

Почнува во Глобо телевизија со серијата „Магично огледало“. Веднаш потоа се опробува и во театарот со делото „Лос Десинибидос“ од Роберто Атхајде. ВО 1982 ја добива наградата Ер Франс за најдобра глумица за работата на филмот „Љубов, моја голема љубов“ на Валтер Хуго Кури. Фишер вели дека ѝ било многу тешко да се ослободи од имиџот на секс симбол на почетокот на кариерата, сѐ додека не го докажала нејзиниот талент за драма.

Доказ за тоа се нејзините глумечки и кинематографски остварувања на делата на еден од најважните бразилски драматурски Нелсон Родригес. Играла главни улоги во сериите на Глобо како на пример, „Мандала“, (мини серија), „Риашо Доси“, „Агосто“, и театарската претстава „Магбет“.

Фишер учествувала на повеќе од 10 теливизиски серии и мини серии. Вера има син од бракот со глумецот Фелипе Камарго. Нејзината ќерка Рафаела е од нејзиниот прв брак со глумецот Пери Салес и ги следи чекорите на мајка ѝ.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди