Северен Проток или Северен Канал (англиски: North Channel или Straits of Moyle, ирски и гелски: Sruth na Maoile), порано: Ирски Протокпроток помеѓу североисточна Ирска и југозападна Шкотска. Протокот е дел од морската област официјално наречена „Внатрешни мориња кај западното крајбрежје на Шкотска“[1] од страна на Меѓународната хидрографска организација (IHO).[2]

Карта на Северниот Канал

Најдлабокото место во протокот е наречено Бофортова Бразда (Beaufort's Dyke). Протокот го поврзува Ирското Море со Атлантскиот Океан и, како таков, бил привлечно место за гусарите, кои ги ограбувале британските трговски бродови што обезбедувале залихи во војните сè до XIX век. Во 1778, за време на Американската војна за независност во протокот се одиграла поморска битка помеѓу бродот „Рејнџер“ на американскиот капетан Џон Пол Џонс и бродот „Дрејк“ на британската морнарица. Денес преку протокот сообраќаат голем број на траекти.

Во 2007 е доставен план за изграба на 34-километарски железнички мост или тунел преку протокот, кој ќе ја поврзува Северна Ирска со остатокот од Велика Британија на трошок од 3,5 милијарди фунти.[3]

Поранешно име на протокот е „Ирски Канал“ (Irish Channel).[4][5][6]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. англ. Inner Seas off the West Coast of Scotland
  2. „Граници на океаните и морињата, III издание“ (PDF). Меѓународна хидрографска организација. 1953. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-08. Посетено на 7 февруари 2010. (англиски)
  3. „Предложен мост до Северна Ирска“. БиБиСи Вести. БиБиСи. 22 август 2007. Посетено на 9 октомври 2011. (англиски)
  4. A Friend (1824). Glympses Across the Irish Channel.
  5. Old Sailor (1820). A view of the British and Irish fisheries:. стр. 74.
  6. Rooke, John (1838). Geology as a science applied to the reclamation of land from the sea. стр. 41.

55°03′27″N 5°37′19″W / 55.05750° СГШ; 5.62194° ЗГД / 55.05750; -5.62194