Апостол Тома
Апостол Свети Тома, уште познат и како Томас или Близнак, е еден од дванаесетте апостоли. Тој е можеби најпознатиот апостол кој не верувал во Христовото воскресение. Исто така тој е и единствениот апостол кој отишол надвор од Римското Царство да го проповеда Евангелието, односно во Персија, Кина и Индија. За него се смета дека можеби е првиот католик во западниот свет.
Свети Тома | |
---|---|
апостол | |
Роден(а) | 1 век, |
Починал(а) | 72 година, near Кенал, Индија |
Слава | 3 јули (Римокатоличка црква) (Православна црква) 21 декември |
Во Евангелието на Јован во 11:16, се споменува дека кога Свети Лазар починал, апостолите на еден начин се спротивставиле на Исус Христос да се вратат во Јудеја, Свети Тома смело одговорил: “Да одиме и ние да умраме со Него“. Свети Тома е единствениот апостол кој не присуствувал на погребот на Пресвета Богородица. Останатите апостоли биле специјално дојдени во Ерусалим за самиот погреб на Дева Марија.
Апостол Тома е почитуван како светец во Римокатоличката црква и Православна црква. Римокатоличката црква неговото име го славела на 21 декември. Таа била преместена поради тоа што на истата дата е починал Свети Петар Канисиус. Така, во римокатоличката и англиканската црква, Свети Тома се чествува на 3 јули.
Во Православната црква, Источнокатоличката црква, Свети Томе го чествуваат во недела, односно една недела по Великден. Црквите кои го следаат јулијанскиот календар, празникот на Свети Тома го чествуваат на 6 октомври.
Апостол Тома како мотив во уметноста
уреди- „Томината лекција“ - песна на руската поетеса Марина Цветаева од 1923 година.[1]
Надворешни врски
уреди- (англиски) Апостол Тома Архивирано на 6 јуни 2012 г.
Наводи
уреди- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 133-134.