Теодор Тирон

анадолиски светец
(Пренасочено од Св. Теодор Тирон)

Свети Теодор Тирон - христијански светец и маченик од 4 век.

Теодор Тирон
маченик
Роден(а) непознато, Евхајта (?) или Аласиум, Турција [1]
Починал(а) 17 февруари 306(306-02-17), Амасија, Турција
Слава Римокатоличка црква: 9 ноември
Православна црква: 17 февруари
Обичајот „невестинско поклонение“ на Св. Теодор Тирон во Конопница, Кривопаланечко со пригодни извезени натписи

Животопис

уреди

Во периодот кога Теодор стапил во војска, во полкот мармаритски, во понтискиот град Амасија, почнало најжестокото гонење на христијаните од царевите Максимијан и Максимин Даја. Во тие прогони, бидејќи не сакал да се откаже од верувањето во Исус Христос и да им принесе жртва на паганските богови, св. Теодор Тирон бил изведен на суд и фрлен во самица, заклучена и запечатена. Во самицата на св. Теодор му се јавил Самиот Господ Христос и го охрабрил Својот маченик, говорејќи му: “Не плаши се, Теодоре, Јас сум со тебе, не земај повеќе земна храна и питие, оти ќе бидеш во другиот свет, вечниот и неминливиот, со Мене на небесата”. Тогаш се јавиле мноштво ангели во самицата и целата самица се осветлила преблескаво. Стражарите на самицата ги виделе ангелите, во бело облечени, и многу се уплашиле. Потоа св. Теодор бил изведен, тормозен и осуден на смрт, но тој не се уплашил од смртта, туку пеел црковни песни. Св. Tеодор Тирон бил запален на клада, на 17 февруари 306 година.[1].

Православната црква неговиот ден го чествува на 17 февруари. Исто така, во негова чест, првата сабота од велигденските пости, т.е. првата сабота по Прочка се нарекува Тодорова сабота.[2]

Наводи

уреди
  1. „Охридски пролог“ стр. 67.
  2. „Кое момче вечер ќе го сонат девојчињата за тоа ќе се омажат“, Дневник, година XIX, број 5704, сабота, 28 февруари 2015, стр. 32.

Поврзано

уреди