Св. Петка (Долно Егри)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Св. Петка

Карта

Местоположба 40°58′0″N 21°30′0″E / 40.96667° СГШ; 21.50000° ИГД / 40.96667; 21.50000
Основни податоци
Место Долно Егри
Општина Битола
Тип

 населба


Период неолитско време
Портал „Археологија“

Св. Петкаархеолошко наоѓалиште во битолското село Долно Егри.

Претставува населба од неолитско време . И ова наоѓалиште се наоѓа во непосредна близина на Горно Егри, меѓутоа од другата страна на Црна Река. Тој претставува една од најмасивните тумби во Пелагонија врз која е изградено селото именувано од страна на мештаните како [[Долно Егри. Ова село денес е напуштено и покрај разурнатите куќи, сочувана и обновена е само црквата „Св. Петка“, па ова место претежно се користи за религиозни собири. Просторот кој го опфаќаат куќите и црквата е многу помал во однос на целата зафатнина на тумбата, така што и нејзиниот релативно автентичен облик е сочуван. Освен во подножјето, во останатите делови не се изведуваат земјоделски активности, што делувало во сочувувањето на нејзиниот облик. Прашање е дали целиот простор на кој се наоѓаат археолошките слоеви бил создаден вештачки од страна на предисториските популации или пак тој претставува географско возвишување врз кое дополнително се формирани и подигнати населбите во неолитот .

На површината може да се констатира броен археолошки материјал кој може да се датира дури и во раниот неолит. Со оглед на нејзината големина, неопходно е да се изврши потемелно мерење на нејзината површина. Заради масивноста на оваа тумба биле земени две коти како референца за нејзината висина и локација, и тоа една кај црквата, а другата на спротивната страна на наоѓалиштето, односно на највисоката точка во североисточниот дел.[1].

Поврзано

уреди

Наводи

уреди