Св. Богородица (Долно Егри)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Св. Богородица

Карта

Местоположба 40°58′0″N 21°30′0″E / 40.96667° СГШ; 21.50000° ИГД / 40.96667; 21.50000
Основни податоци
Место Долно Егри
Општина Битола
Тип

 населба


Период неолитско време
Портал „Археологија“

Св. Богородица археолошко наоѓалиште во битолското село Долно Егри.

Претставува населба од неолитско време . На околу 200 м североисточно од Горно Егри е сместена голема тумба на чиј врв е изградена црквата „Св. Богородица“. На нејзината површина е пронајдена неолитска керамика, но и фрагменти од бронзено време и антиката, што укажува на фактот дека на ова место се живеело во неколку одделни периоди. Иако нејзиниот врв е оштетен од градежните зафати поврзани со црквата, сепак поголемиот дел ја има задржано автентичната висина, бидејќи на неа не се врши земјоделска обработка на почвата. Од тие причини, таа претставува една од највисоките и најдобро сочуваните пелагониски тумби на кои е пронајден неолитски археолошки материјал.[1].

Поврзано

уреди

Наводи

уреди