Осветленост
Во фотометријата, осветленоста (или осветление[1]) е вкупниот светлосен тек врз нешто, по единица површина. Ја изразува јачината на присутната светлина, пондерирана за брановата должина со функцијата за светлосна јачина, а во склад со чувствителноста за блескавост на човечкото око. Слична на неа е светлосната излезност е светлосниот тек по единица површина што го оддава некоја површина.
Во изведени SI единици, оваа величина се изразува во лукси (lx) или лумени на квадратен метар (cd·sr·m−2). Во застарениот систем СГС, единица за осветленост е фот, еднаква на 10 000 лукса. За истата намена во фотографијата се среќава и неметричката единица стапка-кандела.[2]
Осветленоста порано се нарекувала блескавост, но ова води до забуна. Блескавоста не е количински подобна за изразување на величини во науката, туку погодна за изразување на психиолошката чувствителност на светлина кај луѓето.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „лукс“ Архивирано на 17 декември 2013 г. - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет
- ↑ Еден фот = 929,030400001 стапки-кандели
- Библиотека на единици и константи: Количина на осветленост (англиски)
- Претворање на единици за осветленост Архивирано на 10 февруари 2010 г. (англиски)
External links
уреди- Проценка на сјајноста и осветленоста со експозиметарот на фотоапаратот Архивирано на 5 август 2007 г. - Kodak (англиски)
Величина | Симбол[б 1] | SI-единица | Симбол | Димензија | Белешки | |||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Светлосна енергија | Qv [б 2] | лумен-секунда | lm⋅s | T⋅J | единицата е наречена и „талбот“ | |||
Светлосен тек | Φv [б 2] | лумен (= cd⋅sr) | lm | J | наречен и „светлосна моќ“ | |||
Светлосна јачина | Iv | кандела (= lm/sr) | cd | J [б 3] | основна SI-единица, светлосен тек по единица просторен агол | |||
Блескавост | Lv | кандела на квадратен метар | cd/m2 | L−2⋅J | единиците се наречени и „нити“ | |||
Осветленост | Ev | лукс (= lm/m2) | lx | L−2⋅J | за светлина врз површина | |||
Светлосна излезност | Mv | лукс (= lm/m2) | lx | L−2⋅J | за светлина израчена од дадена површина | |||
Светлосна изложеност | Hv | лукс-секунда | lx⋅s | L−2⋅T⋅J | ||||
Густина на светлосна енергија | ωv | лумен-секунда на кубен метар | lm⋅s⋅m−3 | L−3⋅T⋅J | ||||
Светлосна делотворност | η [б 2] | лумен по ват | lm/W | M−1⋅L−2⋅T3⋅J | сооднос на светлосниот тек со зрачниот тек | |||
Поврзано: SI · Фотометрија · Радиометрија |
- ↑ Стандардизационите организации препорачуваат фотометриските величини да се бележат со наставката v (знач. „визуелна“) за да нема забуни со радиометриските и фотонските величини.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Се јавуваат и други симболи: W за светлосна енергија, P или F за светлосен тек, и ρ или K за светлосна делотворност.
- ↑ Системот SI препорачува употреба на „J“ како симбол на димензијата на светлосната јачина.