Кандела на квадратен метар

Кандела на квадратен метар (cd/m2) е изведена SI-единица за блескавост. Се заснова на единицата за светлосна јачина кандела и единицата за површина квадратен метар. Застарено име на оваа единица е нит (nt), каде 1 нит = 1 cd/m2.[1]

Највеќето монитори со течни кристали имаат блескавост од 200 до 300 cd/m2;[2] бојниот простор sRGB кај истите обично има 80 cd/m2.[3] високодефинираната телевизиска слика (HDTV) се движи од 450 до 1000 cd/m2.

Споредба со други единици

уреди

Една кандела на квадратен метар е еднаква на:

Поврзано

уреди

Фотометриски единици на SI
Величина Симбол[б 1] SI-единица Симбол Димензија Белешки
Светлосна енергија Qv [б 2] лумен-секунда lm⋅s T⋅J единицата е наречена и „талбот“
Светлосен тек Φv [б 2] лумен (= cd⋅sr) lm J наречен и „светлосна моќ“
Светлосна јачина Iv кандела (= lm/sr) cd [б 3] основна SI-единица, светлосен тек по единица просторен агол
Блескавост Lv кандела на квадратен метар cd/m2 L−2⋅J единиците се наречени и „нити“
Осветленост Ev лукс (= lm/m2) lx L−2⋅J за светлина врз површина
Светлосна излезност Mv лукс (= lm/m2) lx L−2⋅J за светлина израчена од дадена површина
Светлосна изложеност Hv лукс-секунда lx⋅s L−2⋅T⋅J
Густина на светлосна енергија ωv лумен-секунда на кубен метар lm⋅sm−3 L−3⋅T⋅J
Светлосна делотворност η [б 2] лумен по ват lm/W M−1⋅L−2⋅T3⋅J сооднос на светлосниот тек со зрачниот тек
Поврзано: SI · Фотометрија · Радиометрија
  1. Стандардизационите организации препорачуваат фотометриските величини да се бележат со наставката v (знач. „визуелна“) за да нема забуни со радиометриските и фотонските величини.
  2. 2,0 2,1 2,2 Се јавуваат и други симболи: W за светлосна енергија, P или F за светлосен тек, и ρ или K за светлосна делотворност.
  3. Системот SI препорачува употреба на „J“ како симбол на димензијата на светлосната јачина.

Наводи

уреди
  1. „нит“ Архивирано на 17 декември 2013 г. - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет
  2. „PC Perspective“. Архивирано од изворникот на 2010-05-12. Посетено на 2011-12-01.
  3. „IEC 61966-2-1:1999 Мултимедијални системи и опрема - Мерење на и раководство со боите - Дел 2-1: раководство со боите - Основно зададен боен простор RGB - sRGB“. Меѓународна електротехничка комисија. Архивирано од изворникот на 2013-04-17. Посетено на 2011-12-01. (англиски)

Надворешни врски

уреди