Светлината од минатото

Светлината од минатото (англиски: Everything is Illuminated) е американски филм од 2005 година, во режија на Лив Шрејбер. Главните улоги ги толкуваат: Илајџа Вуд и Јуџин Хаз.

Тим Бартон беше ко-режисер на филмот.

Содржина

уреди

Џонатан (го игра Вуд) е млад човек ја бара жената која го спасила неговиот дедо во едно мало гратче во Украина, уништено од нацистите. Тој има само фотографија и слика од селото. Во Одеса, тој изнајмува туристички водич и заедно со него и неговиот внук Алекс (го игра Хаз), во еден стар автомобил, тргнува да го бара селото. Неговото патување да ја открие семејната историја се претвора во смеса од бројни откровенија - значењето на семејното наследство, Холокаустот, природата на тајните, значењето на пријателството и љубовта.[1] [2]

Наводи

уреди
  1. Антена, број 868, 13.2.2015, стр. 21.
  2. Антена, број 878, 24.4.2015, стр. 16.