Свети Христофор (планина)

планина во Кожанско, Егејска Македонија

Свети Христофор (грчки: Άγιος Χριστόφορος, Агиос Христофорос) — планина во Кожанско, Егејска Македонија. Претставува дел од планината Камбуница.[1]

Свети Христофор
Άγιος Χριστόφορος
Свети Христофор на карта

Карта

Највисока точка
Надм. вис.1.000 м
Координати40°08′36″N 21°55′02″E / 40.1432° СГШ; 21.9173° ИГД / 40.1432; 21.9173
Географија
МестоКожанско, Егејска Македонија
Матичен венецКамбуница
Карта

Опис

уреди

Ова е долгнавеста планина сместена во јужниот дел на Кожанско, меѓу вештачкото Витивјанско Езеро на реката Бистрица и планината Шапка, од која е одвоена со реката Фтисмата. На североисток е одделена од планината Бурсана со клисурата Порта. Највисокиот врв, исто така наречен Свети Христофор, се издига на висина од 1.000 м.[1] На врвот стои црквата „Св. Христофор“.[2]

Карпите на плинаната се од варовник и конгломерати.[1]

До врвот се стасува од селото Калдадес (500 м) за околу 2 часа.[1]

Врвови
Име Грчки Висина (м) Местоположба
Свети Христофор Άγιος Χριστόφορος 1.000[1] во средишниот дел
Маври Рахи Μαύρη Ράχη 780[1] во ЈЗ дел
Патома Πάτωμα 800[1] во СИ дел
Рахи Просилио, Маври Рахи Ράχη Προσήλιο, Μαύρη Ράχη 804[1] во ЈЗ дел

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 360. ISBN 978-960-86676-6-2.
  2. „Agios Christophoros in Prosilio“. Visit MSV. Архивирано од изворникот на 2017-02-12. Посетено на 11 февруари 2017.