Бурсана
планина во Кожанско, Егејска Македонија
Бурсана или Вурсана (грчки: Βουρσάνα, Μπουρσάνα) — планина во Кожанско, Егејска Македонија. Претставува дел од планината Камбуница.[1]
Бурсана | |
---|---|
Βουρσάνα | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 882 м |
Координати | 40°09′53″N 21°58′25″E / 40.1646° СГШ; 21.9737° ИГД |
Географија | |
Место | Кожанско, Егејска Македонија |
Матичен венец | Камбуница |
Опис
уредиОва е мала планина, сместена во југоисточниот дел на Кожанско, југозападно над гратчето Серфиџе (440 м). Од планината Шапка на исток е одвоена со долината Лакес или Лакомата на реката Платанулија, од каде лесно се стасува до врвот. На запад е одделена со клисурата Порта од планината Свети Христофор.[1]
Име | Грчки | Висина (м) | Местоположба |
---|---|---|---|
Бурсана, Вурсана | Βουρσάνα, Μπουρσάνα | 882[1] | во централниот дел |
Свети Тодор, Свети Атанасиј | Άγιοι Θεόδωροι, Άγιος Αθανάσιος | 850[1] | во ЈЗ дел |