Свети Кристофер
- За други значења на поимот „Свети Кристофер“, видете ја страницата за појаснување.
Свети Кристофер (Saint Christopher) или Свети Китс (Saint Kitts) е остров во Карипското Море. Свети Кристофер е дел од Заветрените Острови, подгрупа на Малите Антили. На запад островот излага на Карипското Море, додека на исток на Атлантскиот Океан. Свети Кристофер, заедно со соседниот остров Невис, ја сочинуваат федерацијата Свети Кристофер и Невис.
Liamuiga, Saint Christopher, Saint Kitts Наречен и: Град на шеќерот | |
---|---|
Карта на Свети Кристофер и Невис | |
Географија | |
Место | Карипско Море |
Координати | 17°15′N 62°40′W / 17.250° СГШ; 62.667° ЗГД |
Архипелаг | Заветрени Острови |
Највисока точка | Лијамуига |
Држава | |
Најголема населба | Бастер (pop. 15,500) |
Демографија | |
Население | 35,000 |
Густина | 208,33 /km2 (53.957 /sq mi) |
Етнички групи | Афроамериканци, мулати, Азијци, Британци, Португалци, Либанци[1] |
Островот се наоѓа на околу 2100 км југоисточно од Мајами, САД. Островот има вкупна површина од 168 км2, долг е околу 29 километри, а широк околу 8 километри. Свети Кристофер има вкупно население од околу 35.000 жители, од кои мнозинство се Афроамериканци. Главен и службен јазик на островот е англискиот, со писменост на население од околу 98%. На Свети Кристофер се наоѓа Националниот парк Хил Фортрес, кој е заштитен од УНЕСКО и претставува најголема тврдина изградена во Источните Кариби.
Административна поделба
уредиОстровот, административно, е поделен на 9 парохии:
Галерија
уреди-
Полуостровот во југоисточниот дел на Св. Кристофер. Невис е на лево.
-
Центар на Бастер.
-
Центарот на Бастер.
-
Брод во пристаништето на Бастер.
-
Тврдината Бримстон Хил
-
Тврдината Бримстон Хил
Наводи
уреди- ↑ Ben Cahoon (2000). „Saint Kitts and Nevis“. WorldStatesmen. Посетено на 2010-07-17.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Влада на Свети Кристофер и Невис
- Туризам на Свети Кристофер и Невис
- Божиќни спортови на Свети Кристофер и Невис
- Музични фестивал на Свети Кристофер и Невис
- Англиканска црква на Свети Кристофер и Невис Архивирано на 4 декември 2019 г.