Сент Џорџ Бастер
Сент Џорџ Бастер (англиски: Saint George Basseterre) е една од 14-те парохии на Свети Кристофер и Невис. Оваа парохија е втора најголема во државата веднаш зад Сент Џејмс Винвард. Во рамките на федерацијата оваа парохија е најнаселена, во која живее една третина од населението на државата. Во рамките на оваа парохија се наоѓа главниот град на Свети Кристофер и Невис - Бастер. Дополнително на тоа, оваа парохија има најдолг брег од сите во државата.
Сент Џорџ Бастер Saint George Basseterre | |
---|---|
парохија | |
Држава | Свети Кристофер и Невис |
Површина | |
• Вкупна | 29 км2 (11 ми2) |
Население (2001 проц.) | |
• Вкупно | 13.220 |
• Густина | 460/км2 (1,200/ми2) |
Географија
уредиВкупната површина на парохијата изнесува 28 метри квардатни и во рамките на оваа територија има разновидни земјишни облици што ја прави географски најразновидна парохија. Северните предели на Сент Џорџ Бастер се дел од долината Бастер, еден од најплодните региони на државата. Рамните површини се користат за земјоделство, а главниот град се наоѓа на крајбрежјето. Централните и јужните предели на парохијата се Југоисточниот полуостров. Овој полуостров има значително поразлична клима. Тој е составен од еродирани брда, ниска вегетација и бели песочни плажи. Најголемата бара, Големата солена бара, има вкупна површина од 7.8 км2. На околу една милја од брегот се наоѓа островот Буби, кој всушност се наоѓа на пола пат до островот Невис. Овој мал остров Буби, официјално, не е под управа ни на Сент Џорџ Батсер ниту на соседната Сент Џејмс Винвард.
Населени места
уредиВо парохијата се наоѓа главниот град на државата - Бастер. Градот се наоѓа во заливот Бастер, но градот сепак се протега и во соседната парохија Сент Питер Бастер. Останатите населени места во оваа парохија делуваат фактички како подградија на Бастер. Двете официјално назначени населени места како села се Брд Рок и Фригат Беј.
Пристаништа
уредиВо оваа парохија се наоѓаат двете пристаништа на Свети Кристофер: Порт Занте и Дип Ватер Харбор.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди„Сент Џорџ Бастер“ на Ризницата ? |
- Туристички водич за Сент Џорџ Бастер Архивирано на 18 јуни 2019 г. (англиски)