Сент Ен Сенди Поинт

Сент Ен Сенди Поинт е една од 14 парохии во Свети Кристофер и Невис. Оваа парохија е најмала по големина на Свети Кристофер и зазема површина од само 13 км2. Парохијата се наоѓа на островот Свети Кристофер и административен центар е Сенди Поинт Таун.

Сент Ен Сенди Поинт
Saint Anne Sandy Point
парохија
Земја Свети Кристофер и Невис
гл. град Сенди Поинт Таун
Површина 13 км2
Население 3.140 (2001 проц.)
Густина 241,54 /km² (626 /sq mi)

Населени места

уреди

Административен центар на парохијата е Сенди Поинт Таун, кој е втор по големина град во државата со 3.000 жители. Градот се наоѓа во јужниот дел од парохискиот брег. Покрај него, во парохијата има уште три населби, кои може да се сметаат за квартови на Сенди Поинт:

  • Фиг Три
  • Ла Вале
  • Сер Џилис Естејт

Поврзано

уреди

17°22′31″N 62°50′29″W / 17.37528° СГШ; 62.84139° ЗГД / 17.37528; -62.84139