Свети Винко Паулски
Свети Винко Паулски (1581, Аквитанија – 1660, Париз) е католички светец.
ЖивотописУреди
Св. Винко Паулски се родил во 1581 година, во Аквитанија. Уште во младоста одлучил да стане свештеник, откако го завршил студирањето на теолошки науки. Потоа ја основал конгрегација за мисија, позната како „Лазаристи“, со цел да им помага на сиромашните. Неговите мисионери биле распространети низ целиот свет, а многумина од нив загинале како маченици во Кина. Исто така, во соработка со св. Лујза Марилац, св. Винко Паулски ја основал конгрегацијата на милосрдните сестри за негување на болните лица. Св. Винко Паулски починал во Париз, во 1660 година.[1]
НаводиУреди
- ↑ „Верски календар“, Дневник, година XX, број 6175, вторник, 27 септември 2016, стр. 30.