Свадба (филм)
„Свадба“ е југословенски филм од 1973 година, во режија на Радомир Шарановиќ. Сценариото е работено според истоимениот роман на Михаило Лалиќ од 1950 година.
Дејство
уредиДејството се случува во 1943 година. Четниците, заедно со Италијанците, се борат против комунистите. Четничките одреди, под команда на мајорот Павле Ѓуришиќ (одредот Лимско-Санџачки), се наоѓаат во Колашин. Во овој град има затвор за заробени комунисти-партизани. Мајорот Ѓуришиќ (го игра Мандиќ) во април истата година ја откажал својата покорност кон Врховната команда и ја продолжил борбата против комунистите, заедно со Германците. Сепак, Германците ја започнуваат операцијата „Шварц“ против четниците. Мајорот Ѓуришиќ ги пречекува Германците во Колашин, сметајќи на сојузот, но тие го преземаат градот без борба и ги разоружуваат четниците.[1]
Улоги
уредиДрагомир Бојаниќ Гидра за улогата на партизанот Тадија Чемеркиќ на Филмскиот фестивал во Пула во 1974 година бил награден со „Златна арена“ за најдобра машка улога.[2]
Наводи
уреди- ↑ Свадба (пристапено на 10.3.2023)
- ↑ „In memoriam: 20 godina bez Dragomira Bojanića Gidre“. svet.rs. Архивирано од изворникот на 11 ноември 2013. Посетено на 29 јануари 2015.