Сајпл (планина)
Сајпл (англиски: Mount Siple) — потенцијално активен штитест вулкан на Антарктикот. Се издига н ависина од 3.110 м и доминира во северозападниот дел на островот Сајпл, одвоен од Бакутисовиот Брег, Земја на Мери Берд, од Гецовата Ледена Плоча.[4] Бидејќи изгледа младо, се претпоставува дека последен пат избувнал за време на холоценот. На врвот има калдера со димензии 4 × 5 км, а на подолните бокови има туфни купи.[2] На североисточната падина на планината е карпестата стрмина Рисли, околу 7 морски милји (13 км) од врвот. Има зафатнина од 1.800 км2, споредлива со онаа на Еребус.
Сајпл | |
---|---|
Mount Siple | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 3.110 м [1] |
Истакнатост | 3.110 м [1] |
Заведена како | ултра |
Координати | 73°26′S 126°40′W / 73.433° ЈГШ; 126.667° ЗГД [2] |
Географија | |
Геологија | |
Старост на карпата | непозната |
Вид | штитест вулкан |
Вулканско поле | Вулканска покраина на Земјата на Мери Берд |
Последен избув | непознато[2] |
Искачување | |
Прво освојување | 1993-1994[3] |
Планината е наречена по американскиот истражувач и географ Пол Сајпл (1908–68) кој зел учество на шест антарктички експедиции, меѓу кои двете експедиции на Ричард Берд од 1928-30 и 1933-35 г. (Сајплов Брег, остров Сајпл). Командувал со Западната база на Антарктичката служба на САД (1939–41). Бил навигатор на сите поважни истражувачки летови од базата, вклучувајќи го летот на кој е откриена планината Сајпл.[4]
Според peaklist.org, вулканот е веројатно освоен, но за ова нема докази, а на врвот може да слетал хеликоптер.
Вулканот е посетен во февруари 2017 г. како дел од експедицијата на Швајцарскиот поларен институт за обиколување на Антарктикот. Направена е репортажа за колонија на аделиски пингвини која отседнува таму во сезоната за парење.[5][6]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 "Antarctica Ultra-Prominences" Peaklist.org. посет. 21 ноември 2011 г
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Siple“. Глобална програма за вулканизмот. Смитсонова установа. (англиски)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ 4,0 4,1 Сајпл (планина) — Информативен систем за географски имиња (GNIS) на Геолошкиот топографски институт на САД (англиски)
- ↑ „Penguins on the move in a warming world“. www.aljazeera.com. Посетено на 21 април 2017.
- ↑ Al Jazeera English (25 февруари 2017), Antarctica penguins move south in search of cold, Архивирано од изворникот 21 декември 2021, Посетено на 21 април 2017
- LeMasurier, W. E.; Thomson, J. W., уред. (1990). Volcanoes of the Antarctic Plate and Southern Oceans. Antarctic Research Series. 48. American Geophysical Union. стр. 512. ISBN 0-87590-172-7.
Надворешни врски
уреди- Сајпл (планина) на Ризницата ?
- Сајпл — skimountaineer.com (англиски)
- Сајпл, Антарктик — Peakbagger (англиски)