Саша Станишиќ
Саша Станишиќ ([ ]; * 7 Март 1978 година во Вишеград,Југославија) е германски писател по потекло од Босна и Херцеговина. Добитник е на наградата за Саемот на книгата во Лајпциг и на Германската награда за книга (Потекл), 2021 година).
Животопис
уредиСаша Станичиќ е роден во 1978 година во Вишеград, мало гратче во источна Босна, од мајка бошњачка и татко србин. По окупацијата на Вишеград од страна на босанско-српските трупи како дел од Босанската војна, со својата мајка во 1992 како бегалци заминуваат во Хајделберг,. Мајка му работела во пералница а татко му како градежен работник; Во 1998 година, родителите емигрирале во САД .[1]
Станишиќ живеел во областа Хајделберг во Емертсгрунд и го посетувал Меѓународното средно училиште во Хајделберг, каде што неговиот литературен талент го открива и поттикнува неговиот учител по германски јазик и по подготвителната настава се префрлил во гимназијата. По завршувањето на средното училиште (1997) студирал германски јазик како странски јазик и славистика на Универзитетот во Хајделберг . За време на студиите пишувал литературни текстови.[2]
Во 2004 година Станишиќ ја добива наградата Волф Хас за својата магистерска работа на Универзитетот во Хајделберг. Во зимскиот семестар 2004/2005 година почнува студии на Германскиот институт за литература во Лајпциг . Во 2005 година бил кандидат за наградата Ингеборг Бахман.[3]
Во 2006 година, Станишиќ дебитира со романот Како војникот го поправа грамофонот“ . Во полуавтобиографската приказна, сместена во заднина на Босанската војна, авторот го прикажува младиот Босанец Александар од Вишеград, кој заедно со своите родители бега во Германија и се засолнува во светот на приказните и спомените во неговиот нов дом. Фондацијата Роберт Бош му обезбедила на авторот истражувачка стипендија.[4] Првиот роман на Станишиќ имаше огромен успех кај читателите и критичарите и беше преведен на триесетина јазици.[5]
Романот влезе во потесниот избор на Германската награда за книга во 2006 година и ја доби литературната награда на градот Бремен во 2007 година. Покрај тоа, романот беше адаптиран како радио-драма од Баварското радио во истата година и беше номиниран за германската награда за аудио книга во 2007 година. 2008 Станишиќ беше награден со Аделберт фон Шамисо награда.
Во 2006/2007 Станишиќ беше писател во резиденција во Грац . Во 2008 година, Шаушпиелхаус Грац ја донесе на сцена драматизираната верзија на „ Како војникот го поправа грамофонот“. Првата претстава на Станишиќ, Go West, беше премиерно прикажана во март 2008 година.
Исто така во 2019 за автобиографскиот роман за Потекло ја доби Германската награда за книга. Жирито го пофали Станишиќ како имагинативен и духовит раскажувач: „Под секоја реченица на овој роман стои недостапноста на потеклото, што е истовремено движечка сила зад наративот [...] Со многу духовитост, тој им одговара на наративите на фалсификаторите на историјата со своите приказни. „ [6] Во говорот за прием, Станишиќ го критикуваше доделувањето на Нобеловата награда за литература на Питер Хандке . Меѓу другото, тој рече: „Имав среќа да избегам од она што Питер Хандке не го опишува во неговите текстови“. Австрискиот автор повеќепати застануваше на страната на Србите во врска со југословенските војни.[7]
Станишиќ од 2015 година е член на Слободната академија на уметностите во Хамбург.[8] Тој е исто така член на германскиот ПЕН центар .
Саша Станишиќ е татко на еден син и живее со семејството во Хамбург-Алтона. од 2013 година Станичиќ е германски државјанин.[1]
Наслови
уреди- Како војникот го поправа грамофонот 2015 . Роман, Готен, Скопје 2015
- Потекло, 2021, Антолог, Скопје
- Официјално мрежно место на Саша Станиќиќ Архивирано на 1 декември 2021 г.
- Автор портрет на bachmannpreis.orf.at
- Автор портрет на lyrikwelt.de Архивирано на 30 септември 2007 г.
- netznotizen.de[мртва врска] : 2007 веб-автор на Архивирано на 16 март 2016 г. Канцеларијата за литература во Долна Саксонија
- ↑ 1,0 1,1 Saša Stanišić. In: Internationales Biographisches Archiv 30/2019 vom 23. Juli 2019 (abgerufen via Munzinger Online).
- ↑ „Blockaden kenne ich nicht, nur langes Nachdenken“, abgerufen am 7. August 2015
- ↑ http://archiv.bachmannpreis.orf.at/bachmannpreisv2/bachmannpreis/information/stories/42659/index.html
- ↑ „Robert Bosch Stiftung, Grenzgänger Europa und seine Nachbarn“. Архивирано од изворникот на 2018-01-16. Посетено на 2020-12-23.
- ↑ vgl. Random House "Foreign Rights"
- ↑ Saša Stanišić erhält den Deutschen Buchpreis 2019 Архивирано на 28 октомври 2020 г.. In: deutscher-buchpreis.de (PDF-Datei; abgerufen am 14. Oktober 2019).
- ↑ Stanišić erhält Deutschen Buchpreis. In: tagesschau.de, 14. Oktober 2019 (abgerufen am 14. Oktober 2019).
- ↑ Akademie der Künste Hamburg/Mitglieder Abgerufen am 2. Juni 2016