Сан Францискито (поток)

Потокот Сан Францискито (англиски: San Francisquito Creek, од шпански: мало Сан Франциско -- атрибутот ја означува големината на населбата во споредба со мисијата Свети Франциск Асишки[1]) е поток кој се влева во југозападниот дел на Санфранцискиот Залив во Калифорнија, САД. Историски, тој бил познат како Arroyo de San Francisco, според името кое му го дал Хуан Баутиста де Анса во 1776 година.[2] Потокот Сан Францискито тече низ градовите Портола Вали, Вудсајд, Менло Парк, Пало Алто и Источно Пало Алто. Тој ја означува границата меѓу окрузите Санта Клара и Сан Матео од местото каде во него се спојува притоката Лос Транкос до утоката во заливот.

Наводи

уреди
  1. Bright, William (1998). 1500 California Place Names. Беркли, Калифорнија, САД: University of California Press. стр. 130. ISBN 978-0-520-21271-8.
  2. Durham, David L. (1998). Durham's Place Names of California's San Francisco Bay Area: Includes Marin, San Francisco, San Mateo, Contra Costa, Alameda, Solano & Santa Clara counties. Сангер, Калифорнија, САД: Word Dancer Press. стр. 155. ISBN 978-1-884995-35-4.