Отвори го главното мени

Санос (латиница: Sanos) е компанија од Скопје, Република Македонија која произведува градски, приградски и меѓуградски автобуси, како и тролејбуси и специјални аеродромски возила.

Санос
Sanos
Типдоо
Oснована1946
СедиштеСкопје, Република Македонија Скопје, Македонија
ул. 516 бр. 10
ДејностАвтомобилска индустрија
ПроизводиАвтобуси, сервисирање на автобуси
Вработени250
ПодружнициUnitires
Порталwww.sanos.com.mk

ИсторијаУреди

Фабриката е формирана во 1946 како државна фабрика под името ФАС „11-ти Октомври“ АД Скопје, иако корените на фабриката датираат уште од 1930 година кога фабриката била работилница за репарација и производство со повеќе од 30 работници. Под заштитената марка Санос, во фабриката биле произведувани сите типови на автобуси, средни автобуси, возила, специјални аеродромски возила и тролејбуси со кооперанти што успешно траело сè до 2001 година кога производството било привремено стопирано.

Во април 2004, компанијата Unitires ја купила фабриката и благодарејќи на нивното искуство во производството во авто-мото индустријата, фабриката била брзо рестартирана под новото име Фабрика за Автобуси и Возила „Санос“ (ФАВ „Санос“) и производството било обновено и модернизирано постигнувајќи квалитет кој спаѓа во рамките на најновите светски стандарди во производство на автобуси и возила.

ПроизводствоУреди

Производството е главно водено од софистицирана електроника што овозможува лесно управување и контрола на целиот систем. Фабриката има лиценциран договор за техничка и технолошка соработка со германската компанија Мерцедес-Бенц потпишан во 1967.

МоделиУреди

Список на возила што се произведуваат во Санос:

Туристички возила

Мини возила

Меѓуградски возила

Возила за градски сообраќај

КапацитетиУреди

Фабриката зафаќа површина од 142.000 m2 со погони за производство и сервис, административни згради, складишта, хали и комплетна инфраструктура. Моментално во фабриката има 200 редовни работници, но при обемни порачки се вработуваат дополнителни привремени работници. Моменталното производство е 250 автобуси годишно, додека максималниот капацитет на фабриката е 1500 автобуси годишно.

Надворешни врскиУреди