Санде Стојмиров Белески ( 1922 во Орланци (Кичевско)1944 во Зајас, Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Санде Белески
Роден 1922 година
Орланци, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал ноември, 1944 година
Зајас, Кичевско, Македонија
Националност Македонец

Животопис

уреди

По завршувањето на основното училиште продолжил да се школува во Гимназијата во Охрид каде завршил два класа. Како напреден младинец, станал член на КПМ, а во НОВ стапил во летото 1944 година во редовите на Првата македонска бригада. Учествувајќи низ повеќе борби со Бригадата, загинал во ноември 1944 година кај селото Зајас при конечното ослободување на Кичево.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 41.