Сали Хокинс
Сали Сесилија Хокинс (родена на 27 април 1976 г.) — англиска глумица. Таа својата прва улога ја играла во филмот Се или ништо (2002) режиран од Мајк Ли. Таа продолжила да работи со Ли, играјќи споредна улога во драмата Вера Дрејк (2004) и главна улога во комичната драма Без грижи (2008), за која добила неколку награди, и тоа Златен глобус за најдобра глумица во комедија или музикл и Сребрена мечка за најдобра глумица на 58. издание на Берлинскиот филмски фестивал.
Хокинс на Берлинскиот филмски фестивал во 2017 година | |
Роден(а) | Сали Сесилија Хокинс 27 април 1976 Лондон, Англија |
Занимање | Глумица |
Активен период | 1998–сè уште |
Родители | Жаки Хокинс Колин Хокинс |
Таа потоа глумела во филмовите Произведено во Дагенхам (2010) и Мечето Падингтон (2014). Таа се појавила во два филма на Вуди Ален, Сонот на Касандра (2007) и Тажната Јасмина (2013). За својата улога како Џинџер во Тажната Јасмина, таа добила номинации за наградите Оскар, БАФТА и Златен глобус за најдобра споредна глумица.[1][2] Во 2017 година, Хокинс играла главна улога како нема млада девојка во фантастичната драма Обликот на водата, улога која ѝ донела многу пофалби и позитивни критики од филмските критичари, како и номинација за Златен глобус за најдобра глумица во драма.
Хокинс глумела во многу претстави во лондонскиот театар Ројал Корт, и во 2010 година го имала своето деби на Бродвеј.
Наводи
уреди- ↑ „Oscars 2014 Winners: The Complete List“. The Hollywood Reporter. 2 March 2014. Посетено на 9 March 2014.
- ↑ „Golden Globes Nominations: The Full List“. Variety. 11 January 2014. Посетено на 10 March 2014.
Надворешни врски
уреди„Сали Хокинс“ на Ризницата ? |
- Сали Хокинс на Семрежната филмска база на податоци (англиски)