Вера Дрејк
„Вера Дрејк“ (англиски: Vera Drake) — британско-француски филм од 2004 година, во режија на Мајк Ли (Mike Leigh), кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Имелда Стонтон (Imelda Staunton), Ричард Греам (Richard Graham), Алeекс Кели (Alex Kelly), Даниел Мејс (Daniel Mays) и Еди Марсан (Eddie Marsan). Филмот постигнал голем успех кај критиката освоил многу награди, особено Стонтон за главната улога и Ли (за сценариото и режијата). На пример, филмот бил прогласен за најдобар британски филм во 2005 година, а Ли го освоил и „Златниот лав“ на Венецијанскиот филмски фестивал, каде Стонтон ја добила наградата „Волпи“. Исто така, двајцата биле номинирани и за „Оскар“ во категориите: главна женска улога, оригинално сценарио и режија. Како занимливост треба да се спомене тоа што филмот бил одбиен на Канскиот филмски фестивал.[1]
Синопсис
уредиДејствието на филмот се одвива во Лондон, во 1950-тите. Вера Дрејк (ја игра Стонтон) е неуморна, вредна жена со голема животна енергија, која се бори со животните тешкотии, заморот и сиромаштијата, но сите работи ги извршува со ведрина и оптимизам. Веќе 27 години живее во среќен брак со Џорџ (го игра Греам) со кого ги има синот Сид (го игра Мејс) и немажената ќерка Етел (ја игра Кели). Вера е активна по цел ден при што ги посетува болните соседи и немоќната мајка, работи како слугинка во богатите куќи, а се грижи и за својот дом. Иако уморна од напорната работа, пред да заспие, таа стигнува да поразговара со сопругот за денот кој изминал. Меѓутоа, покрај секојдневниет обврски, таа извршува уште една активност - тајно спроведува абортуси со намера да им помогне на несреќните девојки при што тоа го прави без никаков паричен надомест. Меѓутоа, во една прилика, по извршениот абортус, една девојка завршува во болницата со сериозни здравствени проблеми. Тогаш, полицијата дознава за Вера и доаѓа да ја уапси токму во моментот кога нејзиното семејство е собрано да ја прослави свршувачката на Етел. Сопругот и децата се шокирани од веста дека Вера се занимавала со таква активност. Сепак, додека полицијата ја испрашува Вера, во полициската станица доаѓа Џорџ за да ја поддржи.
Наводи
уредиОваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |