Салватор Ардинов Леви (Битола, 28 мај 1919Скопје, 26 јули 1963) – радиолог, вонреден професор на Медицинскиот факултет во Скопје.

Салватор Леви
Лични податоци
Полно имеСалватор Ардинов Леви
Роден(а)28 мај 1919
Битола, СХС, денес Македонија
Починал(а)26 јули 1963
Скопје, Македонија
Спорт
Спортрадиолог, универзитетски професор

Животопис

уреди

Леви запишал студии по медицина во Софија, а дипломирал во Белград во 1947 година. Специјализација завршил во Загреб во 1953 година. Организирал и опремил рендгенски одделенија во Битола и Прилеп. Од 1955 бил асистент на Институтот по радиологија, а потоа станал доцент, па вонреден професор. Супспецијализирал дијагностика на ГИТ во Париз.[1]

Објавил над 50 труда.

Наводи

уреди
  1. „ЛЕВИ, Салватор Ардинов“. Дигитална македонска енциклопедија. Архивирано од изворникот на 2022-11-07. Посетено на 7 ноември 2022.