Саво Климов
Саво Стојанов Климов ( 1929 во Голац, Романија — 13 ноември 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Саво Климов | ||
Роден | 1929 година Голац, Романија | |
---|---|---|
Починал | 13 ноември, 1944 година Скопје, Македонија |
Животопис
уредиНеговите родители се населиле во Романија, како печалбари, а подоцна се вратиле во Скопје. Тука ја завршил гимназијата, по што набргу стапил во народно-ослободителното движење и зел непосредно учество во борбите за ослободување на Скопје. На 13 ноември 1944 година учествувал во уличните борби против Германците. Загинал на левата страна на Бардовци под тврдините на Кале, на денот на ослободувањето на Скопје - 13 ноември, 1944 година.[1]