Сабиха Бенгуташ
Сабиха Зија Бенгуташ (турски: Sabiha Ziya Bengütaş, 1904 – 2 октомври 1992 година) била турскa вајарка. Таа била првата жена вајар на Турција.[1]
Сабиха Зија Бенгуташ | |
---|---|
Роден(а) | 1904 Истанбул, Отоманско Царство |
Починал(а) | 10 февруари 1992 Анкара, Турција |
Националност | Турчинка |
Установа | Универзитет за ликовни уметности Мимар Синан |
Познат(а) по | Вајарство |
Сопружник | Шакир Емин Бенгуташ |
Животопис
уредиСабиха Зија се родила во Истанбул во 1904 година.[2] Таа имала сестра и еден постар брат. Се школувала во училиштето Ејубсилтан Нумуне, денес познато како Ејупска Анадолска Гимназија. Таа живеела четири години во Дамаск, Сирија (тогаш дел од Отоманското Царство, каде што татко ѝ бил назначен на служба поради неговото занимање.[3] Таа таму го продолжила своето образование, во француско католичко училиште, каде останала една година.[2] Семејството потоа се вратило во Турција и се населило во Бујукада, каде што таа го завршила своето средно образование во училиштето Фуат Корпулу Паша. Во 1920 година, таа започнала да изучува ликовни уметности на одделот за сликарство и скулптура на Академијата за ликовна уметност во Истанбул (османски турски: Sanayi-i Nefise Mektebi, денешниот Мимар Синан Универзитет). Таа била првата женска студентка во класата.[2] Фејхаман Дуран бил еден од нејзините професори на академијата. Во 1924 година, таа добила државна стипендија за студии на Академијата за ликовни уметности во Рим, Италија, каде работела во ателјето на Ерменегилдо Лупи (1877-1937).
Подоцна, таа се омажила со Шакир Емин Бенгуташ, дипломат и внук на поетот Абдулхак Хамит Тархан. Таа често патувала во странство придружувајќи го нејзиниот сопруг.[2] Двојката се населила во Малтепе, Чанкаја во Анкара , откако нејзиниот сопруг се повлекол. Таа посвоила ќерка по име Нурол.
Таа починала во Анкара, на 2 октомври 1992 година.
Уметност
уредиВо 1925 година, три бисти од Сабиха Зија биле изложени во Галатасарај, Бејоглу во Истанбул. Следната година, уште три нејзини статуи биле изложени на истото место. Некои од нејзините скулптури се бисти на познати личности како на поетот Ахмет Хашим (1884-1933), драматургот и поет Абдулхак Хамит Тархан (1852-1937), првата муслиманска филмска глумица Бедија Мувахит (1897-1994), генералот и државник Али Фуат Џебезој (1882-1968), првата дама Мевхибе Инону (1897-1992) и политичарот Хасан Али Јуџел (1897-1961).[2][3]
Во 1938 година, таа ја освоила првата награда во два натпревара за скулптури на Мустафа Кемал Ататурк (1881-1938), основоположникот на модерна Турција и на Исмет Инону (1884-1973), генерал и државник. Статуата на Ататурк била поставена во градината на поранешната претседателската палата Чанкаја а статуата на Инону во Муданја заради одбележување на Примирјето на Муданја (1922). Таа, исто така, му била асистентка на Пјетро Каноника при создавањето на Споменикот на Републиката подигнат на Плоштадот Таксим во Истанбул во 1928 година.[2][3]
Наводи
уреди- ↑ „Sabiha Bengütaş“. www.biyografya.com (англиски). Посетено на 2018-03-24.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 maacar. „Sabiha BENGÜTAŞ, Cumhuriyet dönemi ilk Türk kadın Ressam ve Heykeltraşımız Hayatı“. sabihabengutas.com (турски). Архивирано од изворникот на 2017-06-22. Посетено на 2018-03-24.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Tırnakçı, Hazal (2016-01-04). "Erkek egemen toplum anlayışına karşı ilk kadın heykeltıraş: Sabiha Ziya Bengütaş" Архивирано на 7 ноември 2017 г. (in Turkish). Gaia Dergi.