Руско-грчки односи

Руско-грчките односи (руски: Российско-греческие отношения) се надворешни односи меѓу Грција и Руската Федерација.

Руско-грчки односи
Map indicating locations of Greece and Russia

Грција

Русија
Путин со Константинос Стефанопулос во 2001 година

Поради големото историско пријателство и длабоките културни и религиозни врски меѓу двете земји, (поголем дел од Грците и Русите се православни христијани), Грција и Русија имаат одлични дипломатски односи. Двете земји исто така делат заеднички политички ставови за Балканот и во светот, односно Грција да биде силен поддржувач на ставот на Русија за Косово и нејзиното прогласување на независност. Дипломатските односи биле воспоставени во 1828 година[1]. Грција и Русија се полноправни членки на многу организации, вклучувајќи го и Советот на Европа, Организацијата за безбедност и соработка во Европа и Организацијата за црноморска економска соработка.

Грција има амбасада во Москва и два конзулати во Санкт Петербург и Новоросијск. Русија има амбасада во Атина, конзулат во Солун и почесен конзулат во Александрополис. Грција исто така најавила дека ќе отвори конзулат во Екатеринбург.

Историја

уреди

Поради културните, верските и историските врски меѓу двете земји, од средновековните до модерните времиња (Византиско Царство и Киевска Русија), Грција и Русија денес имаат силни дипломатски односи и се сметаат како братски нации. Русија и помогнала на Грција во Грчката војна за независност од Отоманското Царство. Денес, многу Грци живеат во Руската Федерација и голем број Руси живеат во Грција соодветно. Повеќето Грци живеат во рускиот регион на Црно Море (100.000) и во главниот град Москва (80.000) и Санкт Петербург (3.000), додека голем број Руси живеат претежно во регионот Халкидик и грчкиот остров Крит.

Грција е единствената членка на НАТО која има силни традиционални воени врски со Русија. Армиите на двете земји соработуваат и заедно редовно во програмите за одбрана и воена соработка во Егејското Море и источното Средоземно Море, како и давање воена поддршка и обука на земјите кои имаат блиски односи со Ерменија. Покрај тоа, руските воени единици често земаат учество во парадите на грчката национална армија кои се одржуваат на 25 март и 28 октомври. Грција исто така била една од ретките кои соработувала со СССР и покрај нејзиното членство во НАТО.

Нафтоводот Бургас-Александрополис бил предложен во 1993 година од страна на неколку руски и грчки компании[2]. Во 1994 година бил потпишан билатерален договор меѓу Грција и Бугарија за изградба на нафтоводот.

Наводи

уреди
  1. „Bilateral relations between Russia and Greece“. Greek Ministry of Foreign Affairs. Архивирано од изворникот 2006-07-14. Посетено на 2009-06-18.
  2. „Burgas-Alexandrupolis Pipeline Project“. Transneft. Архивирано од изворникот на 2006-10-04. Посетено на 2007-02-15.