Рускаја Арктика
Рускаја Арктика ( руски: Русская Арктика) — национален парк во Русија, кој е основан во јуни 2009 година. Проширен е во 2016 година, а сега опфаќа голема и оддалечена област на Северноледениот Океан, северниот дел на Нова Земја (Северните Острови) и Земјата на Франц Јосиф.
Рускаја Арктика | |
---|---|
МСЗП — Категорија II (национален парк) | |
Место | Нова Земја, Земја на Франц Јосиф и Архангелска област Русија |
Најблизок град | Архангелск |
Површина | 14 260 км2 |
Воспоставен(а) | 15 јуни 2009 година |
Географија
уредиПо проширувањето во 2016 година, на паркот биле додадени околу 74 000 км² земјиште, околу 16 000 км² земја и околу 58 000 км² морска област [1] . Во 2009 година, областа на паркот била 14 260 км², од кои 6,320 км² копно и 7,940 км² Северноледен Океан.[2]
Ова подрачје е дом на бели мечки и гренландски китови. Подрачјето исто така претставува една од најголемите колонии на птици на северната полутопка, како и колонии на морж и перконоги.[2] Покрај зачувувањето на природните живеалишта, подрачјето на националниот парк е значајно и за зачувување на културното наследство, што се однесува на историјата на откривањето и колонизацијата на големи арктички територии почнувајќи од 16 век .
Големиот Арктички државен природен резерват се наоѓа на спротивната страна на Карското Море.
Историја
уредиРуската Влада за прв пат го основала подрачјето за заштита на Земјата Франц Јосиф на 23 април 1994 година.[3] Плановите за национален парк што ги опфаќа северната Нова Земја Земјата на Франц Јосиф биле лансирани во 2000-тите. Кога бил основан националниот парк Рускаја Арктика на 15 јуни 2009 година, Земјата на Франц Јосиф и Викториините Острови не биле дел од паркот.[4] На отворањето на паркот, премиерот Владимир Путин изрази надеж дека паркот ќе помогне во развојот на туризмот во областа.[5] Во 2011 година, националниот парк беше проширен и ја опфаќа Земјата на Франц Јосиф со цел за подобар развој на туризмот во архипелагот.[6] Русија започна со тригодишен проект за расчистување од 1,5 милијарди руби, почнувајќи од 2012 година, за отстранување на повеќе од 100 000 тони акумулиран отпад од времето на Советскиот Сојуз. Тоа, меѓу другото, вклучува четвртина милион буриња од нафтени производи, милион стари буриња и расипани возила, радарски инсталации и авиони.[7]
Дивина
уредиПаркот се смета за едно од најистакнатите заштитени подрачја за морски цицачи во земјата. Постоењето на гренландскиот кит и сивиот кит ја прави непроценливата еколошка вредност на паркот.
Користена литература
уреди- ↑ „High North News – As the Ice Melts, Russian Arctic National Park Expands“. www.highnorthnews.com (англиски). Посетено на 8 февруари 2017.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ 2,0 2,1 Национальный парк "Русская Арктика". Администрация Ненецкого автономного округа. 17 јуни 2009. Архивирано од изворникот на 2009-06-28. Посетено на 22 јуни 2009.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „Архивирана копија“ Учреждён национальный парк "Русская Арктика". Наука и технологии России. 15 јуни 2009. Архивирано од изворникот на 4 август 2009. Посетено на 22 јуни 2009. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „New Russian Arctic Park to protect key polar bear habitat“. World Wildlife Fund. 16 јуни 2009. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „New Russian Arctic Park to protect key polar bear habitat“. WWF News. 16 јуни 2009. Посетено на 4 април 2012.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ Sazhenova, Anastasia (29 август 2011.). „Russia ready to boost Arctic tourism“. Barents Observer. Архивирано од изворникот на 2014-01-06. Посетено на 2021-02-27. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Pettersen, Trude (7 јуни 2012.). „Russia reopens Arctic airbases“. Barents Observer. Архивирано од изворникот на 2014-01-06. Посетено на 2021-02-27. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)