Русе Ѓурев Стојановски ( 1926 во Клечевце, Кумановско20 октомври 1944 во Треска, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Произлегува од многу сиромашно земјоделско семејство. Татко му се занимавал со земјоделство, а тој му помагал за потоа да работи како овчар. Во септември 1944 година, кога низ неговото село поминале партизаните, без двоумење ѝ се приклучи на Треттата македонска ударна бригада. Бил учесник во борбите кај Велес, Штип и други места. На 20 октомври 1944 година, на теренот на Треска, бил опколен од непријателот. За да не падне жив во непријателските раце, се фрлил во реката Треска и се удавил.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 258. На |first= му недостасува |last= (help)