Ројал Тененбаумови

„Ројал Тененбаумови“ (англиски: The Royal Tenenbaums) - американски филм од 2001 година, во режија на Вес Андерсон, кој е автори и на сценариото заедно со Овен Вилсон. Главните улоги ги играат: Џин Хекман, Анџелика Хјустон, Бен Стилер, Овен Вилсон, Лук Вилсон, Гвинет Палтроу, Бил Мареј, Дени Гловер и Сејмур Касел, а Алек Болдвин е раскажувач во филмот. Филмот освоил десет награди, меѓу кои и еден „Златен глобус“ (за Џин Хекман), а имал и номинација за „Оскар“ за најдобро сценарио.[1]

Синопсис уреди

Ројал Тененбаум (го игра Хекман) е богат човек чии деца се неверојатно надарени: синот Чес (го игра Стилер) уште како мал станува успешен стопанственик, синот Ричи (го игра Лук Вилсон) е познат тенисер, додека посвоената ќерка Марго (ја игра Палтроу) е успешна авторка на драми. Но, подоцна, кариерата на сите три деца пропаѓа, а Ројал и неговата сопруга Етелин (ја игра Хјустон) се разделуваат, иако не се разведени. Ројал пропаѓа финансиски и го бркаат од хотелот, а тој се враќа во својот дом, со изговор дека е смртно болен и дека му остануваат само уште неколку недели од животот. Во исто време, во родната куќа се враќаат и трите деца. Од нив, само Ричи го прифаќа таткото, но подоцна се открива дека тој лаже за болеста и поради тоа Ројал е принуден да ја напушти куќата. Ричи е вљубен во Марго, но нема храброст да ѝ ја искаже својата љубов. Таа, пак, е омажена со психологот Сент Клер (го игра Мареј). Истовремено, тој се труди да му помогне на другарот Ели Кеш (го игра Овен Вилсон), кој е познат писател заглавен во пробеми со дрогата. Еден ден, Ричи се обидува да изврши самоубиство поради што го пренесуваат на болница, но тој нега оттаму и се враќа дома каде ѝ кажува на Марго дека ја сака. Ројал цело време се труди да ја наруши врската меѓу Етелин и нејзиниот сметководител Шерман (го игра Гловер), но најпосле се согласува да ѝ даде развод. Така, таа и Шерман закажуваат свадба, а пред куќата на Тененбаумови, Кеш доживува автомобилска несреќа при што го убива кучето на Чес. По некое време, Ројал умира од срцев удар.

Наводи уреди