Ротума
Ротума — остров, кој заедно со околните мали островчиња, сочинуваат зависна територија на Фиџи. Ротума е татковина на Ротуманците, кои на островот сочинуваат околу 2000 жители, а низ цело Фиџи околу 10.000 Ротуманци.
Ротума Rotuma
|
||
---|---|---|
Location of Rotuma in Melanesia.
|
||
Политичка карта на Ротума.
|
||
Админ. центар | Итутиу | |
Службен јазик | ||
Народности | ||
Демоним | Ротуманец | |
Уредување | Зависна територија на Фиџи | |
• | Окружен службеник | Ниумаја Масере |
• | Претседател на Советот | Тартерани Ригамото |
Независност од Велика Британија како дел од Фиџи | ||
• | Датум | 10 октомври 1970 |
Површина | ||
• | Вкупна | 46 км2 |
Население | ||
• | Попис 2007 | 2,002 |
Валута | фиџиски долар (FJD ) |
|
Часовен појас | (UTC+12) | |
Повик. бр. | +679 |
Географија
уредиОстровот е со вулканско потекло и се наоѓа на 646 км северно од Сува. Самиот остров Ротума е 13 км долг и 4 км широк и со вкупна површина од 43 км2. Ротума е 12 најголем остров во Фиџи. Островот е составен од два поголеми дела, од кој источниот е значително поголем. Теснецот меѓу овие два дела е широк само 230 метри.
Демографија
уредиИако островот политички е дел од Фиџи уште од 1881 година, Ротуманџите имаат култура која е слична со Полинезија, особено со Тонга, Самоа, Футуна и Увеа. Поради полинезискиот изглед и посебниот ротумански јазик, Ротуманците сочинуваат призната малцинска група во рамките на Фиџи. Ротуманците воглавно живеат во Фиџи, а не на Ротума. Ротуманците се многу конзервативни и отпорни на промени, па така на пример во 1985 година 85% од Ротуманците биле против Ротума да се отвори за туризам.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- Islands of Fiji Архивирано на 3 април 2012 г., Island Directory, United Nations Environment Programme
- A.M. Hocart, Notes on Rotuman Grammar, Journal of the Royal Anthropological Institute, London, 1919, 252.
Надворешни врски
уреди- Мрежно место за Ротума
- Ротуманско хафа, танц
- Аматерско ротуманско радио Архивирано на 22 јуни 2008 г.
- Општи информации за Ротума Архивирано на 19 декември 2008 г.
Оваа статија поврзана со Фиџи е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |