Романска делегација во посета на Гопеш
Оваа статија користи текст од мрежното место на Македонскиот информациски филмски центар (МИФЦ). Повеќе за наводите ќе најдете во делот за надворешни врски.
Текстот во статиите се употребува со дозвола на МИФЦ; Повеќе на страницата за разговор во рамките на ВикиПроектот „Филм“. |
Романска делегација во посета на Гопеш е филм на браќата Милтон и Јанаки Манаки од 1911 година со должина од 2 минути. Иако се работи за дел од една целина - Романска делегација во посета на Македонија - Милтон Манаки, при идентификацијата на филмовите, овој материјал го спомнува трипати [1]. Снимен е во стандард техника, без звук, во црно бела форма и на 35мм филм.
„Романска делегација во посета на Гопеш“ | |
---|---|
кадар од филмот | |
Режисер | Јанаки Манаки Милтон Манаки |
Премиера | 1911 |
Времетраење | 2 мин |
Земја | Македонија |
Претходен | Романска делегација во посета на Битола |
Следен | Романска делегација во посета на Ресен |
Кратка содржина
уредиВтората целина од престојот на романската делегација во Македонија ја опфаќа посетата на Гопеш и нивниот пат до Моловишта на пропатување од Битола кон Ресен и Охрид.
Браќата Манаки ја следеле делегацијата и на овој материјал е забележано пристигнувањето на делегацијата и нејзиниот пречек во Гопеш, како и дел од патот кон Моловишта и соседните села.
Поврзано
уредиБелешки
уредиНадворешни врски
уреди