Романска делегација во посета на Македонија
Романска делегација во посета на Македонија е филм на браќата Милтон и Јанаки Манаки од 1911 година во вкупно времетраење од 8 минути. Истиот е составен од три дела, првите два во времетраење од две минути и третиот со должина од четири. Иако очигледно се работи за една целина, Милтон Манаки при идентификацијата на филмовите овој материјал го спомнува трипати [1]. Снимен е во стандард техника, без звук, во црно бела форма и на 35мм филм [1].
„Романска делегација во посета на Македонија“ | |
---|---|
кадар од првиот филм (посетата на Битола) | |
Режисер | Јанаки Манаки Милтон Манаки |
Премиера | 1911 |
Времетраење | 8 мин (2х2 мин и 1х4 мин) |
Земја | Македонија |
Кратка содржина
уредиРоманска делегација во посета на Битола
уредиПрвата целина почнува со пристигнувањето на делегацијата со кочии во Битола и завршува со нејзиниот престој во овој град.
Романска делегација во посета на Гопеш
уредиВтората целина од престојот на романската делегација во Македонија ја опфаќа посетата на Гопеш и нивниот пат до Моловишта на пропатување од Битола кон Ресен и Охрид.
Романска делегација во посета на Ресен
уредиТретиот снимен дел од посетата на романската делегација на Македонија, кој е и најдолг, го прикажува патот на делегацијата кон Ресен и нејзиното пристигнување и престој во овој град.
Поврзано
уредиБелешки
уредиНадворешни врски
уредиТрите составни филма: