Розово-виолетово јајце со три минијатури (Фабержеово јајце)
Розово-виолетово јајце со три минијатури — царско Фабержеово јајце, едно од низата од педесет и две украсени јајца направено под водство на Петар Карл Фаберже за руското царско семејство во 1898 година. Било создадено за царицата Марија Фјодоровна.
Розово-виолетово јајце со три минијатури | |
---|---|
Година на изработка | 1897 |
Нарачател | Никола II |
Примател | Марија Фјодоровна |
Моментален сопственик | |
Индивидуална или институционална | Фабержеов музеј во Санкт Петербург |
Година на стекнување | 2004 |
Дизајн и материјали | |
Употребен материјал | дијаманти во облик на рози, црвен, зелен и бел емајл, бисери и водени бои на слонова коска |
Висина | 8,2 см |
Изненадување | Рамка за фотографија во облик на срце |
Едно од седумте јајца кои моментално се изгубени, Фаберже го наплатил од Николај II за 3.250 рубљи.[1]
Изненадување
уредиИзненадувањето, рамка за фотографија во облик на срце која се отвора како трилисна детелина која содржи три минијатурни портрети од Николај II, неговата сопруга, царицата Александра Фјодоровна и нивното прво дете, Олга Николаевна. Било направено од дијаманти во облик на рози, црвен, зелен и бел емајл, бисери и водени бои на слонова коска.[1]