Розафа

Скадарско кале

Розафа или „Скадарско кале“ (албански: Kalaja e Shkodrës) е тврдина која се наоѓа во близина на градот Скадар, во северозападна Албанија. Тврдината се издига на 130 метри надморска висина, обграден од реките Бојана и Дрим. Скадар е седиште на Општина Скадар и претставува еден од најстарите историски градови во Албанија.[1]

Розафа
Kalaja e Shkodrës
Карта
Општи податоци
ГрадСкадар
ЗемјаАлбанија

Поради неговата стратегиска местоположба, тој бил изграден уште од најрано време, односно од страна на Илирите. Во 167 година паднал под управа на Римјаните. Според Јохан Георг фон Хан, албанист од 19 век, древниот град Скадар се наоѓал јужно од оваа тврдина, само на неколку метри. Подоцна, тврдината била преземена од страна на Венеција.[2]

Легенда

уреди

Според една легенда, замокот бил изграден од страна на три браќа. Тие работеле по цел ден, но ѕидините и сработеното во текот на денот преку ноќта се рушеле. Еден ден, тие таму сретнале еден старец, кој им рекол дека сè додека не жртвуваат некој тој секогаш ќе се руши. Браќата решиле да жртвуваат некоја од своите сопруги. Онаа невеста, која ќе донесе следниот ден ручек на браќата, ќе биде соѕидана во темелите на замокот. Тие исто така обеќале дека нема да им соопштат на жените за тој план. Двата поголеми браќа, сепак им кажале на своите сопруги да не доаѓаат кон тврдината, а најмалиот останал доследен на договорот.

Следниот ден, браќата напрегнато го очекувале доаѓањето на невестата. Таа се викала Росафа, невеста на најмалиот брат. Веднаш штом престигнала, најмалиот брат и соопштил дека таа треба да биде соѕидана во темелите на тврдината.[3]

Наводи

уреди
  1. A. Evans et al., Ancient Illyria: An Archaeological Exploration, 2006, стр. 83J.
  2. G. von Hahn, Albanesische Studien, Jena 1854, pp 94-96.
  3. S. Schwandner-Sievers et al., Albanian Identities: Myth and History, 2002, p 6