Родриго Муњос Авија

Родриго Муњос Авија (Rodrigo Muñoz Avia); e роден во Мадрид, во 1967 година, тој е шпански писател.

Родриго Муњос Авија

Биографија

уреди

Родриго Муњос Авија покрај тоа што почнал да студира физика во 1991 година, дипломирал на Филозофскиот факултет на мадридскиот универзитет Комплутенсе. Во Мадрид исто така студирал и три години уметност на „Факултетот за уметноста“. Неговите први објавени текстови се посветени на делата на неговите родители, сликари Лусиј Муњос и Амелија Муњос. По нивната смрт Муњос поистојано организира претставувања, изложби и промовирања на нивните дела.

Во 1996 година започнува неговто книжевно живеење со романот „Она што не го знаеме“ (Lo que no sabemos). Toа е роман за млади и за него има добиено награда „Хаен“ за книжевност за деца и млади. Во 2005 година го објавил својот најуспешен роман „Психијатри, психолози и други болни“ (Psiqioatras, psicologes y otros enfermos) [1], романот е преведен и на македонски јазик.

Во тек на 2007 и 2010 добива награда „Едабе“ за детска книжевност за романот „Совршените“ (Los perfectos) и „Брат на генијот“ (Mi hermano el genio).

Меѓу неговите популарни дела се и романите: „Земскиот живот“ (Vidas terrestres), „Голманот за хокеј (El potreto de hockey), „Кафез на горили“ (La jaula de las gorilas) и др. Во 2015 година за својата драма за деца „Чудата на мојата земја“ добива престижна награда СГАЕ за детски театар [2].

Пишува текстови за современата уметност и соработува како сценарист со неговиот брат Николас Муњос. Неговите дела се преведени на повеќе светски јазици.

Дела

уреди
  • Она што не го знаеме (Lo que no sabemos);
  • Психијатри, психолози и други болни (Psiqioatras, psicologes y otros enfermos);
  • Совршените (Los perfectos);
  • Брат на генијот (Mi hermano el genio);
  • Земен живот (Vidas terrestres);
  • Голманот за хокеј (El potreto de hockey);
  • Кафез на горили (La jaula de las gorilas).

Наводи

уреди
  1. Психијатри, психолози и други болни, Слово љубве - Буквибукс, 2017, Скопје
  2. «Rodrigo Muñoz Avia gana el Premio SGAE de Teatro Infantil 2014». La Vanguardia. 14 de diciembre de 2014. Consultado el 1 de noviembre de 2018.