Роговници

оддел на растенија
Роговници

Роговници (научAnthocerotophyta) — група неваскуларни виши растенија. Како и кај сите други слични оддели на растенија, доминантната фаза од животниот циклус кај овие претставници е гаметофитот, кој се одликува со следните одлики:

  • Тој се нарекува талус
  • Се прикрепува за супстратот со ризоиди (не корења)
  • Гаметангиуми се антеридиумите и архегониумите
  • Гаметангиумите имаат стерилна обвивка од клетки
  • Гамети се сперматозоиди и јајце-клетки
  • Сперматозоидите пливаат во водата за да дојдат до јајце-клетката
Роговници
Период: горна креда - денес
Мазна роговница (Phaeoceros laevis)
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
Оддел: Роговници
Stotler & Stotl.-Crand., 1977[1]
Класи и редови
Leiosporocerotopsida
Anthocerotopsida
Синоними

Anthocerotae

За разлика од гаметофитот, спорофитот е паразитски и е зависен од самиот гаметофит, што значи дека тој е всаден во него:

  • Зиготот (се уште во архегониумот) ги зема хранливите состојки од гаметофитот
  • Спорофитот кој израснува од зиготот е хетеротрофен и ја зема храната од гаметофитот (додека е млад)
  • Спорофитот се состои од стапало, дршка (сета) и капсула (спорангиум)
  • Спорангиумот има стерилна обвивка околу спороцитите
  • Спороцитите се делат митотички за да произведат спори
  • Спорите најчесто се распространуваат со ветерот
  • Спорите растат во гаметофитен талус

Морфологија

уреди

Талусот на роговниците не е многу различен од оној на една џигерница. Тој е дебел околу една клетка на маргините и образува слој на клетки во средината. Талусот е неправилен и понекогаш е со набори на маргините. Под талусот се наоѓаат ризоидите. Шупливите региони од централниот слој на талусот може да носат симбиоткси цијанобактерии, кои најверојатно го снабдуваат растението со минерална храна.

Гаметофитните клетки на роговниците имаат само еден хлоропласт кој содржи хлорофил a и b, како и ксантофили и каротиноиди.

 
Животен циклус на типична роговница Phaeoceros. Кликнете за зголемување.

Архегониумите и антеридиумите се делумно всадени на горната површина на талусот во задебелениот централен регион. И двата имаат стерилна обвивка која се отовра како резултат на присуство на вода. Сперматозоидите се хемотактички привлечени од јајце-клетката. Најверојатно многу од роговниците се хомоталусни (еднодомни), така што сингамијата може да се случи помеѓу јајце-клетка и сперматозоид од истиот родител.

По оплодувањето, зиготот и резултирачкиот спорофит првично се зависни од гаметофитот за исхрана. Вратот на архегониумот потоа пролиферира во основата на сетата (дршката) и околу стапалото на спорофитот. Сетата го надрастува вратот, но, излегува на сончева светлина, со што започнува да се исхранува со помош на фотосинтеза. Така спорофитот расте додека гаметофитот дегенерира.

Кај родот Anthoceros се развиени стоми и околустомини клетки. Исто така, горниот епидермис е со кутикула, а во внатрешноста на талусот се образува кортикален слој во кој се одвива фотосинтезата.

Околу спроводните елементи (хидроиди и лептоиди) во центарот на сетата се наоѓаат клетки кои стануваат стерилна обвивка и спороцити. Спороцитите подлежат на мејоза и произведуваат спори. Како што созрева сетата, таа се отвора надолжно и со тоа ги испушта спорите во околината. Но, една интересна особина на спорофитот е дека, нешто над стапалото, сетата се состои од творно ткиво (меристем) и може да создава нови сети за долг временски период, дури и по дегенерирањето на гаметофитот. На овој начин спорофитот станува недетерминиран во однос на својот раст. Сетата, всушност, го претставува "рогот" на една роговница. Бидејќи истата продолжува да расте од основата па нагоре, нејзиниот врв распукува и ги распространува спорите додека уште спори се создаваат во растечката сета под врвот. Бројот на спорите кои една роговница може да ги произведе е исто така недетерминиран. Присуството на фотосинтетски спорофит, неговиот недетерминиран раст и недетерминираниот репродуктивен капацитет се одлики кои се среќаваат и кај спорофитите на васкуларните растенија.

Наводи

уреди
  1. Stotler, Raymond E.; Barbara J. Candall-Stotler (1977). „A checklist of the liverworts and hornworts of North America“. The Bryologist. American Bryological and Lichenological Society. 80 (3): 405–428. doi:10.2307/3242017. JSTOR 3242017.

Надворешни врски

уреди