Робинзон Крусо (филм, 1997)
Робинзон Крусо (англиски: Robinson Crusoe) е американски филм од 1997 година, во режија на Џорџ Милер и Родни Харди. Главните улоги ги толкуваат: Пирс Броснан, Вилијам Такату, Поли Вокер и Ијан Харт. Филмот е снимен според романот на Даниел Дефо „Робинзон Крусо“.
Содржина
уредиЕден британски морнар преживува бродолом и се наоѓа сам на еден непознат остров. Таму, тој мора да започне нов живот, борејќи се да опстане. Неговата радост е неизмерна, кога еден ден ќе добие друштво — домородецот кого ќе го нарече Петко.[1] [2] [3]