Роберт Ворд (англиски: Robert Ward) — американски писател.

Творештво

уреди

Ворд е автор на шест романи, меѓу кои и „Црвениот Бејкер“ (Red Baker), за кој во 1985 година ја добил наградата „Pen West“ за најдобар роман. Според романот „Cattle Annie and Little Britches“ е снимен филмот во кој глумат Берт Ланкастер и Дајан Лејн. Исто така, тој е автор и на повеќе телевизиски серии, како што се: „Hill Street Blues“, „Miami Vice“, „New York Undercover“ и „The Division“. Неговите текстови и кратки прозни дела се објавени во списанијата „GQ“, „Rolling Stone“, „Anateus“ итн. Неговиот расказ „Хемија“ е објавен на македонски јазик во 2010 година, во збирката „Кокаински хроники“, во издание на „Темплум“.[1]


Наводи

уреди
  1. Гери Филипс и Џери Tервалон (уредници), Кокаински хроники, Темплум, Скопје, 2010, стр. 56.