Роберто Кофрези
Роберто Кофрези (17 јуни 1791 — 23 март 1825) познат како „Ел Пирата Кофрези“ — еден од најпознатите пирати од Порторико. За морепловството се заинтересирал уште како млад. Станал полнолетен во Порторико коешто било под големи политички и економски проблеми, а било и шпанска колонија. Под влијание на ситуацијата, тој одлучил да стане пират во 1818 година. Тој предводел неколку напади врз трговски бродови коишто пренесувале злато. Со тек на време,тој се заинтересирал и обрнал внимание и на неколку бродови од САД, меѓутоа шпанската влада ги отфрлила ваквите акции. На 5 март 1825, Кофрези изнајмил цела флота предводена од Џон Слоут, а биле наменети за борба. Тој најверојатно го напуштил својот брод и се обидел да избега пред да биде заробен. Откако бил уапсен, бил затворен во Сан Хуан. Било докажано дека е виновен и на 29 март 1825 година, тој заедно со главните соработници и членови на неговиот екипаж биле запалени. По неговата смрт неговиот живот бил искористен како вдахновение за многу приказни, митови и книги.