Ришар Гаске
Ришар Габриел Сир Гаске (роден на 18 јуни 1986 г.) — француски професионален тенисер.
Ришар Гаске | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Гаске во 2017 година | |||||||||||||
Земја | Франција | ||||||||||||
Место на живеење | Нешател, Швајцарија | ||||||||||||
Роден на | 18 јуни 1986 | ||||||||||||
Роден во | Безје, Франција | ||||||||||||
Спорт | Тенис | ||||||||||||
Висина | м | 1,83||||||||||||
Професионалец | 2002 | ||||||||||||
Игра со | • десна рака • еднорачен бекхенд | ||||||||||||
Тренер(и) | Тјери Асион (2018-) | ||||||||||||
Заработка | $19,168,345[1] | ||||||||||||
Веб-сајт | richardgasquet.net | ||||||||||||
Поединечно | |||||||||||||
Победи-порази | 566–348 | ||||||||||||
Титули | 15 | ||||||||||||
Највисок пласман | Бр. 7 (9 јули 2007)[2] | ||||||||||||
Сегашен пласман | Бр. 76 (14 февруари 2022) | ||||||||||||
Резултати на Гренд Слемови | |||||||||||||
Австралијан Опен | 4К (2007, 2008, 2012, 2013) | ||||||||||||
Ролан Гарос | ЧФ (2016) | ||||||||||||
Вимблдон | ПФ (2007, 2015) | ||||||||||||
УС Опен | ПФ (2013) | ||||||||||||
Други турнири | |||||||||||||
Мастерс куп | ГФ (2007, 2013) | ||||||||||||
Олимписки игри | 2К (2012) | ||||||||||||
Во двојки | |||||||||||||
Победи-порази | 72–60 | ||||||||||||
Титули | 2 | ||||||||||||
Највисок пласман | Бр. 45 (7 април 2008) | ||||||||||||
Резултати на Гренд Слемови | |||||||||||||
Австралијан Опен | 1К (2006) | ||||||||||||
Ролан Гарос | 1К (2002, 2003, 2005) | ||||||||||||
Мешани двојки | |||||||||||||
Резултат | 11–0 | ||||||||||||
Титули | 1 | ||||||||||||
Резултати на Гренд Слемови | |||||||||||||
Ролан Гарос | П (2004) | ||||||||||||
Освоени медали
| |||||||||||||
Ажурирано на: 14 февруари 2022. |
Тој бил светски бр. 7 играч според Асоцијацијата на тениските професионалци (АТП) во јули 2007 година, што е негов најдобар пласман во кариерата. Во поединечна конкуренција, тој има освоено 15 АТП титули. Негов најдобар резултат на гренд слем турнирите е полуфинале на Вимблдон 2007 и 2015 и полуфинале на Отвореното првенство на САД 2013. Тој трипати бил финалист на турнирите од серијата АТП Мастерс 1000, и тоа во Хамбург во 2005 година и Торонто во 2006 и 2012 година. Тој освоил гренд слем титула во мешани двојки на Отвореното првенство на Франција 2004, заедно со Татјана Головин. Тој исто така освоил бронзен олимписки медал во двојки на Летните олимписки игри 2012 во Лондон заедно со Жилијен Бенето. Гаске подеднакво добро игра на сите видови подлоги и е познат по неговите елеганти удари и еднорачен бекхенд.
Во 2021 година, Гаске станал само шестиот активен играч на АТП турнејата кој победил на 550 натпревари.[3]
Наводи
уреди- ↑ „ATP Prize Money Leaders“ (PDF).
- ↑ ATP World Tour – Tennis Players – Richard Gasquet
- ↑ atp.com (15 март 2021) "Richard Gasquet Earns 550th Career Win In Dubai." Retrieved 16 март 2021.
Надворешни врски
уреди„Ришар Гаске“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место (англиски) (француски)
- Ришар Гаске Профил на мрежното место на АТП (англиски)
- Ришар Гаске на Семрежната филмска база на податоци (англиски)