Ритуал (филм)
Ритуал (Обред) (шведски: Riten) е шведски телевизиски филм од 1969 година, во режија на Ингмар Бергман, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Ингрид Тулин (Ingrid Thulin), Гунар Бјернстранд (Gunnar Björnstrand), Андерс Ек (Anders Ek) и Ерик Хел (Erik Hell). Филмот, кој е снимен во продукација на Svensk Filmindustri (SF), Personafilm и Cinematograph AB, трае 72 минути, снимен е во црно-бела техника и со моно-звук. Инаку, во филмот се појавува и самиот Бергман, во улогата на свештеникот.[1]
Содржина
уредиВо филмот, во 10 поединечни сцени, е прикажано испитувањето на тројца актери кои се обвинети за порнографска претстава. Додека трае испитувањето, се разоткриваат саплетканите односи меѓу глумците - сопружниците Ханс и Теа Винкелман (кои ги играат Гунар Бјернстранд и Ингрид Тулин) и нивниот пријател Себастијан Фишер (го игра Андерс Ек). Себастијан е насилен човек и алкохоличар, кој е виновен за убиство на поранешниот партнер. Истовремено, тој е во врска со неговата жена Теа, која пак сега е омажена за Ханс. Теа е психички нестабилна личност, која лесно запаѓа во кризи. Ханс, кој е водач на театарската група, е богат и самоуверен човек, кој постепено сфаќа дека е уморен од својата работа, од пријателството со Себастијан и од својата жена.
На крајот на филмот, кога се чини дека истражниот судија д-р Абрахамсон (го игра Ерик Хел) е на прагот психички да ги скрши осомничените, тие му предлагаат да изведат една претстава во неговата канцеларија. За таа цел, тие доаѓаат облечени во необични маски и ја изведуваат претставата, која всушност претставува мистичен ритуал.[2]
Наводи
уреди- ↑ IMDB - The Rite (1969) (пристапено на 6 април 2014)
- ↑ Антена, број 822, 28.3.2014, стр. 18.