Ристо Соколов - Сокол (Дреново, Кавадаречко, 16 април 1957 - Кавадарци, 14 февруари 2015) — истакнат македонски ликовен уметник.

Ристо Соколов
Роден 16 април 1957
Дреново, Кавадаречко, НР Македонија СР Македонија
Починал 14 февруари 2015
Кавадарци, Македонија Македонија
Занимање уметник

Животопис

уреди

Соколов е роден на 16 април 1957 година, во кавадаречкото село Дреново. Средно уметничко училиште и Факултет за ликовни уметности завршил во Скопје, отсек графика во класата на проф. Димитар Малиданов и графички дизајн во класата на проф. Костадин Танчев Динка. Живеел и работеше во Кавадарци, како слободен уметник. Починал во кавадарци на 14 февруари 2015 година. Излагал самостојно низ цела Македонија, во повеќе Европски земји, а преку групни изложби бил присутен низ целиот свет. Познат бил и како успешен организатор на Меѓународни ликовни колонии, а последните неколку години пред смртта имал успешни соработки со други уметности (музичка, театарска, литературна, фотографска и др.) преку неформалната уметничка група “Сокол Арт“ која настанала од неговиот двегодишен ангажман во кавадаречката и македонска уметност преку Уметничкото студио “Сокол Арт“, од каде што произлегле неколку ликовни изложби, театарски претстави, поетски дела, фотографски перфоманси, мултимедијални настани и концерти.[1] Последната негова изложба насловена како „Ретро Арт – Нови моменти“ (12 декември 2014 – 12 јануари 2015, Музеј Галерија Кавадарци) останала запаметена како една од најпосетуваните во историјата на ликовната уметност во Кавадарци.[2]

Наводи

уреди
  1. „Ретро-Арт" изложба на Ристо Соколов во Кавадарци. Архивирано од изворникот на 2015-02-25. Посетено на 2015-02-14.
  2. Почина ликовниот уметник Ристо Соколов Сокол. Архивирано од изворникот на 2015-02-16. Посетено на 2015-02-14.