Рикитеа (мангаревански: Rikitea) — мало гратче на островот Мангарева, дел од островската група Гамбје во Француска Полинезија. Гратчето е главно населено место на Гамбје и повеќето од населението живее во него.[1][2]

Рикитеа
Rikitea
гратче
Држава Франција
Прекуморска заедница Француска Полинезија
ТериторијаГамбје
ОстровМангарева

Географија

уреди
 
Рикитеа и планината Даф.

Рикитеа има пристаниште и означува туристички центар на Мангарева. Рикитеа се наоѓа на 1650 км југоисточно од Тахити. Просечната надморска височина на гратчето е 8 метри.[3][1][2][4] Островот има население од околу 1100 жители и скоро сите живеат во Рикитеа.[5]

Сообраќај

уреди

Во гратчето може да се пристигне преку воздух или море. Аеродромот се наоѓа на Моу Торегегие, 9 км североисточно. Од аеродромот луѓето потоа користат бродови да пристигнат до селото/ гратчето. Има летови од Папете и траат 4 и пол часови. Патувањето со брод од Папете трае 21 ден и се застанува на уште 4 други острови пред да се стигне до Рикитеа.[6] Околу островот има пат од 28 км должина.[5]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Brash & Carillet 2009, стр. 240.
  2. 2,0 2,1 „Population of Rikitea, French Polynesia“. population.mongabay.com. Архивирано од изворникот на 2015-06-23. Посетено на 15 June 2015.
  3. Kelly 2008, стр. 202.
  4. „Gambier Islands:Archipelago, French Polynesia“. Encyclopædia Britannica. Посетено на 15 June 2015.
  5. 5,0 5,1 Stanley 1999, стр. 266.
  6. Kelly 2008, стр. 201.

Поврзано

уреди

Литература

уреди