Риба Мекентајр

Риба Мекентајр (англиски јазик Reba McEntire; родена на 28 март, 1955) - американска кантри пејачка и артист.

Риба Мекентајр
Биографски податоци
Родено имеРиба Нил Мекентајр
Познат(а) и какоРиба, Кралицата на кантри музиката
Роден(а)28 март 1955 (1955-03-28) (66 г.)
блиску Киова, Оклахома
ПотеклоМекалестер, Оклахома
ЖанровиКантри, кантри поп, современа кантри музика, кантри рок
ЗанимањаПејачка, текстописец, музички продуцент, актерка, телевизиски продуцент
Период на активност1975–сега
ИздавачиMercury, MCA Nashville, Starstruck/Valory
СоработнициRed Steagall, Џеки Вард, Пејк Мекетајр, Сузи Лупингер, Винс Гил, Линда Дејвис, Brooks & Dunn, Кели Кларксон, Џастин Тимберлејк, Кени Чесни
Мреж. местоОфицијална страница

Таа ја започнала нејзината музичка кариера откако почнала да пее со своите браќа и сестри на локалните радио станици и на околните родеа. Како соло артист, таа била поканета да изведува во Оклахома Сити, каде го привлекла вниманиетно на кантри артистот Ред Стегал. Тој ја однесол во Нешвил, Тенеси, каде таа потпишала договор со „Mercury Records“ во 1975 година. Првиот соло албум го издала во 1977 година и издала уште пет дополнителни студиски албуми под истата издавачка куќа до 1983.

Пеејќи со MCA Nashville Records, Мекентајр презела креативна контрола врз нејзиниот втор албум под издавачката куќа MCA, наречен „My Kind of Country“ (1984), кој имал потрадиционален кантри звук и од него произлегле сингловите: „How Blue“ и „Somebody Should Leave“. Албумот ѝ донел голем успех. носејќи и потоа серија од успешни албуми и број еден синглови во 80-тите и 90-тите.

Мекентајр има издадено 26 студиски албуми, 35 број еден синглови и 28 нејзини албуми добиле златна, платинска или мултиплатинска сертификација од Снимачката Индустриска Асоцијација на Америка.

Во февруари 2020 година, пејачката се врати во музичката корпорација Universal Music Group. Истата година, таа заедно со Мелиса Питерман започна свој поткаст насловен како „Живеење и учење“.[1]

Дополнителна литератураУреди

  • Bufwack, Mary A. (1998). "Reba McEntire". In The Encyclopedia of Country Music. Paul Kingsbury, Editor. New York: Oxford University Press. p. 339 (birth year listed as 1954).
  • Reba McEntire, Tom Carter. (2015). Reba: My Story, Random House Publishing Group.

Надворешни врскиУреди